Британскиот принц Хари (32) и американската актерка Меган Maркл заминаа на романтично патување во Африка за да го прослават нејзиниот 36. роденден.



Хари одамна го планираше овој одмор сакајќи престојот да им биде романтичен и незаборавен. Кампување под ѕвездите, пловење со брод по езеро и уживање во долги прошетки. Принцот за Африка, вели дека тоа е неговиот духовен дом каде што може да се опушти и да се извлече од сето она што во секојдневието му создава товар.
Се шпекулира дека принцот сака својата девојката да ја побара за жена овој месец, можеби токму во Африка и тоа на дваесет годишнината од смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Кој знае што ќе се случи кога тие заедно ќе го гледаат зајдисонцето, можеби Хари ќе  клекне пред Меган“ изјави извор близок до кралското семејство.


Хари и Меган се заедно повеќе од една година. Кралското семејство на почетокот не беше задоволно со изборот на принцот, но Американката потоа беше прифатена. Меган Maркл во 2013. година се разведе од продуцентот Тревор Енгелсон по две години брак.

Хари, кој некогаш беше познат како „мачо“, сега е многу вљубен и не крие дека љубовта му е во прв план за сметка на пријателите, кои, пак, тврдат дека ова е најсериозна врска на принцот до сега.