Тренерот на Фенербахче и најтрофејниот човек во историјата на клупската кошарка на Стариот континент ги расчисти дилемите околу настапот на најдобрите играчи на светот за нивните национални селекции, а во истовреме и за нашиот Перо Антиќ.



“Кошаркарите играат премногу натпревари во сезоната, а со новиот проблем на Евролигата и ФИБА, сега се настојува уште повеќе да се зголеми бројот на средби. Има и други проблеми, што ако некој се повреди во тие десет дена додека е со репрезентацијата, кој ќе го плаќа тогаш, никој не зборува за тоа. Она што јас можам да го кажам во моментов е дека Феербахче има дециден став, а тој е дека нашите играчи нема да играат за своите репрезентации” вели Обрадовиќ.

Според тоа, ако Перо Антиќ остане во Истанбул во редовите на Европскиот првак, а шансите за такво нешто се големи, сигурно нема да игра во квалификациите за СП, секако ако ги минеме претквалификациите во август. Тие се предвидени за ноември и февруари кога на големо се игра Евролигата. Овој став на Фенер го делат и сите други екипи од најквалитетното натпреварување.