Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за катастрофалниот пожар во Кочани, во кој починаа 59 млади лица, а 178 се повредени, продолжија продолжија синоќа со акција за приведување лица, за кои постои сомнеж за нивна вмешаност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани Николчо Илиев и Ратко Димитровски и сегашниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов.
Јавното обвинителство најави дека ќе информира денес за акцијата на полициските екипи по наредба на Основното јавно обвинителство во Кочани.
Македонска информативна агенција – МИА
Home Македонија Приведени ексградоначалниците на Кочани Николчо Илиев и Ратко Димитровски и сегашниот во...





