Приведен екс-директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата

Финансиската полиција утрово го привела ексдиректорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пецо Мирчевски, објави Сител, повикувајќи се на свои извори.



Според последните информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом.

Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.