Укината забраната дека докторите од приваните клиники не може да се вратат во јавното здравство, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
„Имаше забрана од август 2022 година според која докторите од приатните клиники не може да се вратат во државните. Пред три недели на Влада ја поминавме одлуката да се тргне оваа забрана“ рече министерот во гостување на ТВ21.
Но, според Таравари, тоа нема да важи за сите доктори, туку само за докторите специјалисти по одредена дејност и специјалисти фармацевти и стоматолози.
„Меѓутоа директорот на клиниката треба само да каже дека има потреба од такви кадри. Полека почнува да ги враќаме докторите во јавното здравство“, рече Таравари.






