Причина за преземање на ваков чекор е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања.
На државните клиники работат околу 400 приватни специјализанти за месечен надоместок од 26.000 денари, а едно од нивните барања е негово покачување на 40.000 денари.
Тие се жалат дека на двете средби со министерот било ветено дека нивните барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада, но дека во Владата не било разговарано за тоа.
„Поради тоа“- како што се додава во соопштението испратено во име на приватните специјализанти при универзитетите за медицински науки „Кирил и Методиј” и „Гоце Делчев“ од Штип, принудени се да го направат следниот чекор – пристапување кон генерален штрајк од денеска кој ќе трае сѐ до исполнување на нивните барања.






