Претходната влада изгубила на арбитража, Македонија сега ќе треба да плати 450 милиони долари

Македонија ќе треба да плати 450 милиони долари како резултат на арбитража поради изгубена добивка, соопшти денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. Премиерот не прецизираше за кој спор станува збор.



Ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража и поради едно такво неодговорно однесување на претходната влада сега вие граѓаните ќе треба да платите 450 милиони долари изгубена добивка. Завршена е таа арбитража“, изјави Мицкоски одговарајќи на прашања на новинари на прес конференција по средбата со здравствените синдикати.