Откако минатиот месец претседателката Сиљановска Давкова ја вклучи армијата во битка со пожарите таа вчера донесла нова одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите.
,,Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 авгсут 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата”, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет од каде информираат дека начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции ќе го одреди Генералштабот на Армијата согласно состојбата на теренот и барањата од Центарот за управување со кризи.






