Претседателката објасни зошто стави вето на закон: Македонците не треба да добиваат лиценци и на албански јазик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска пред новинарите објасни зошто ставила вето на законот за заштита на децата.



Веднаш по Божиќната литургија во Соборниот храм Силјановска Давкова даде одговор на новинарско прашање за ветото за законот кој го врати во Собранието затоа што според неа има фалинки спротивни на уставот.

Во одговорот претседателката објавува дека Македонците не треба да добиваат лиценци и на албански јазик како што е предвидено во законот.

,Никој не оспорува кога се полага испитот на албански јазик да се добие лиценца на албански јазик. Она што за мене е спорно, што е заборавено покрај на македонски јазик и на албански јазик, а се разбира дека кога полагате испит на македонски јазик логично е да ја добиете лиценцата на македонски јазик.Тоа е само мое видување”, вели претседателката.

Во продолжение целата изјава на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

,,Не знам дали е денот за одговор на вакво прашање, но новинари сте и должна сум да одговорам. Законот не се однесува на лиценците, Законот се однесува на децата, на грижата за децата. Значи тој не е закон што третира јазични прашања.

Јас одговорно тврдам дека се водев од Уставот, од Законот за македонски јазик, се чини дека на мнозина се уште им е непознат.

Зошто од тој закон? Затоа што и самата бев активна во неговата изработка, иако предлогот дојде од Владата Законот се дебатираше, Законот одеше во редовна постапка и мислам дека е редно да се почитува.

Се разбира покрај амандманот 5 на Уставот уште еден Закон има – Законот за употреба на јазиците, Законот е во плурал во насловот, но всушност е во сингулар внатре. Инаку тој е пред Уставниот суд.

Јас не сум Уставен суд, да оставиме на Уставниот суд, но еве инспирирана од денот, ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто, да употребам вето за да навредам некој јазик, никогаш, ниту пак сум се водела од партиски совети. Реков, секогаш мислам дека почитувањето на Уставот и законите е основна обврска на секој од нас, впрочем, јас сум должна да ги почитувам Уставот и законите.

Најпрво, објаснив дека не сум законодавец, значи нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив еден повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10, а исто така и уште еднаш да се размисли дали можеби ваквиот начин на полагање и добивање со лиценца нема да внесе, или да отвори простор за дискреционо овластување.

Значи повторувам, интерпретацијата на нормите, на законите, може да биде уставна и научна,никогаш не партиска. Значи не сум јас пристрасна, туку партиите кога посегаат по квалификации.

Јас само тргнав од еден ноторен уставен и правен факт дека најпрво во самиот Закон за грижа за децата има одредба, има член, во којшто се вели дека меѓу останатото начинот на полагањето и начинот на издавањето на лиценцата се уредува со акт на министерот, значи таква одредба има, веќе реков дека овие прашања се предмет на закони што се матични за употребата на македонскиот јазик но и за употребата на другите јазици и на крајот да споменам – во членовите 9 и 10 има одредби што мислам дека треба парламентарниот состав да ги преобрази, што значи уште еднаш е да ги прочита, впрочем, затоа и се вика указ авто, значи јас само укажувам, јас не судам и јас не донесувам конечна одлука.

Укажав само дека онаа формулација дека лиценците се издаваат на македонски и на албански јазик, не пишува на македонски и на јазикот на 20%.

Значи дури ни формулацијата најмалку 20% не е како што е во Уставот и законите, но една правна интерпретација едноставна би била следнава: дека зборуваме за право, не зборуваме за обврска.

Никој не оспорува кога се полага испитот на албански јазик да се добие лиценца на албански јазик. Она што за мене е спорно, што е заборавено покрај на македонски јазик и на албански јазик, а се разбира дека кога полагате испит на македонски јазик логично е да ја добиете лиценцата на македонски јазик.Тоа е само мое видување. Реков јас, пратениците го имаат првиот и последниот збор. Ако тие одлучат да го задржат ова решение јас ќе морам да го потпишам Законот, но јас дури и не мислам дека е ова намерно. Мислам дека бидејќи се работи за закон што не се однесува на јазикот, дека претпоставувам дошло до превид. Иначе јас не го направив ова триумфалистички, напротив ја информирав претходно Владата, надлежните мнистри за мојот став, за моето мислење. Реков дека јас сум должна да ги почитувам Уставот и законите. Должна сум тоа да го сторам во рамките на рокот коишто истекуваше на 31 и тоа го почитува и пратив. Ниту давав изјави, бидејќи тоа е комуникација , или ако сакате,една спрега и кочница на Претседателот во однос на законодавната власт. Не излегов да држам пресови, не го обзнанив тоа. Го пратив на вистинското место, односно во Собранието, и сега се разбира се е во нивни раце. Значи никогаш нема да се водам од тоа, да навредам, говор на омраза да применувам , да сакам да повредам нечиј јазик, или дел од нација. Не, тоа не му личи на ниту еден Претседател, впрочем за мене гласале не само граѓани Македонци, тука и многу други, тоа го покажува резултататот.

Најчитани статии

Ужасен фемицид во Дортмунд: Жена убиена од сопруг со македонски пасош