Претседателката на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари повеќе средби. Предвидена е средба лице в лице со претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши и средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.
По средбата на претседателката на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали со претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши предвидена е изјава за медиумите.






