И Мексико реагираше на скандалозните изјави на идниот американски претседател Доналд Трамп кој – заедно со најавите за присвојување на Гренланд и Панамскиот канал и барањето Канада да стане 51-ва американска држава – сака да го прекрсти Мексиканскиот Залив како американски.
Како одговор, новата мексиканска претседателка, Клаудија Шејнбаум, објави дека предлага целиот континент Северна Америка да се преименува во Америка Мексикана, јавува Би-Би-Си.
„Звучи добро, нели, саркастично праша Шејнбаум пред мапата на континентот, на која границите на Мексико вклучуваат земји што денес спаѓаат во Соединетите држави.
Таа истакна дека заливот, заклучен меѓу бреговите на САД, источните држави Мексико и Куба, е познат како Мексикански залив од 1607 година.
Репликата на мексиканската претседателка е одговор на изјавата на Трамп дека „Американски залив – звучи прекрасно. И тоа е точно.
И Мексико мора да престане да ги пушта милионите луѓе кои доаѓаат во нашата земја“, рече во вторникот Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари.
Трамп исто така го обвини јужниот сосед на САД дека е управуван од нарко картели, на што Шејнбаум одговори: „Во Мексико владее народот“.
На заканата за воведување царини од 25 отсто на увозот од Мексико, Шајнбаум предупреди дека ќе одговори со реципрочни мерки.
Таа рече дека таквото зголемување е неприфатливо и ќе доведе до инфлација и губење на работни места во двете земји.






