Претседателката на Македонија утре на погребот на папата Франциско

Претседателката Гордана Сиљановска-Давковаутре ќе присуствува на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско.



Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова соопштија дека претседателката ќе присуствува на погребната миса посветена на папапата Франциско, која ќе се одржи утре пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Претседателката Сиљановска-Давкова лани на 23 мај имаше аудиенција кај папата Фрањо, при посетата во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ што се одржува во Рим по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

Папата Франциско  единствен поглавар на Римокатоличката црква кј ја посети Македонија.

На 7 мај 2019, папата Фрањо беше првиот римокатолички поглавар кој ја посетил Македонија.

Во текот на 10-часовниот престој во Скопје, што се совпадна со 25-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу Македонија и Ватикан, папата имаше средби со државнот врв, ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза каде се сретна со највисоките претставници на Македонската православна црква, на Исламската верска заедница и останатите верски заедници и религиозните лидери, роднини на Мајка Тереза и граѓани од ранливи категории.

На Плоштадот Македонија каде одржа литургија пред неколку илјади верници од земјава и странство и упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето.

Сиљановска Давкова за Папата: Исклучителен ум, мудрост, топлина и едноставност

Кралеви, шефови на држави… 130 делегации на погребот на папата