Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо ќе дојде во дводневна посета на земјава.
Ова е нејзината втора посета откога е на функцијата – првата беше во мај 2022 година.
„Со задоволство ја очекувам втората посета на с. Македонија по втор пат. С. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции“ рече претседателката Рено–Басо.
За време на посетата Претседателката на ЕБОР ќе се сретне со претставници на Владата, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.
ЕБОР е главна институција во однос на инвестициите во земјата. До денес, Банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во целата земја.






