Претседателката во Рим се ракуваше со Меланија и Доналд Трамп (ФОТО НА ДЕНОТ)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објави фотографии како се поздравува со американскиот претседател Доналд Трамп и со првата дама на САД, Меланија Трамп.



Ракувањето се случило за време на погребната церемонија за Папата Франциск во Рим.

На објавените фотографии се гледа и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен.

Што порача Сиљановска Давкова по погребот на папата Франциск

Франциск ги охрабри Македонците да опстојат на својот посебен историски, национален и културен пат – Претседателката за испраќањето на папата