Претседателката би разговарала и со бугарскиот премиер, очекува ЕУ да биде креативна како многупати досега

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова би разговарала и со бугарскиот премиер Жељазков доколку тој е подготвен на самитот на НАТО за десетина дена а од очекува ЕУ да биде креативна како многупати досега.



Одговарајќи на прашање дали би се сретнала со бугарскатаватрана Сиљановска вели дека е подготвена за разговор со Жељазков и чека европска креативност од Брисел за деблокада на процесот.

Шефицата на државата вели дека информацијата за одлуката на Бугарија, да го испрати Жељазков, а не Радев на НАТО Самитот во Хаг, ја добила лично од Антонио Кошта на средбата во Ница.

Порача дека иако е правило да има средба со својот хомолог, подготвена е да седне на преговарачката маса и со бугарскиот премиер. Сепак вели, дека тоа не зависи од неа, туку од бугарската страна.

,,Не сме предложиле ние на господинот Жељазков за да биде потврдено, туку веројатно тоа е нешто ако е предложено од европска страна, значи од претседателот на Европскиот Совет, тогаш од таму треба да дојде. Може е време да дојде до израз европската креативност, која многупати сме ја виделе, еве и во овој случај, за доброто на регионот”, изјави Гордана Сиљановска Давкова.

Целата изјава на Сиљановска интегрално на прашање на новинарите: Дали планирате средба со бугарскиот премиер во Хаг?

Не можам да ви одговорам дали планирам, бидејќи јас за евентуална средба разговарав со господинот Антонио Кошта. Негов беше предлогот. А во меѓувреме јас незнам. Јас ќе бидам таму, ако ми е мене ред. Инаку се знае, ред е да разговарате со хомологот. Но еве, нема проблем. Меѓутоа, не зависи од мене. Зависи од, не сакам да го употребам изразот, јас нерадо употребувам: другата страна – од нашите соседи. Се разбира, ние сме толку блиску што би можеле да разговараме и во близина некаде, ама предлогот дојде од господинот Антонио Кошта.И тоа и сега, кога бев јас во НИЦА, ме информираше дека нема да дојде господинот Радев на самитот на НАТО, Туку ке дојде Премиерот. Ете, тоа е тоа.

Дали е потврдена средба со Жељазков?

Не, не, не. Видете, не сме предложиле ние на господинот Жељазков за да биде потврдено. Туку, веројатно, тоа е нешто што ако е предложено од европска страна, значи од претседателот на Европскиот Совет, тогаш, од таму треба да дојде. Инаку јас сум спремна за разговор. Со господинот Радев неколку пати сме се виделе, тој ги знае моите ставови, нашите, пардон, национални ставови. Ги знае и господинот Антонио Кошта, ги знаат и останатите. Значи, јас секогаш велам дека може да дојде време, да дојде до израз европската креативност, која многу пати смеа, или на пати сме ја виделе, еве и во овој случај. Заради доброто на регионот и заради, можеби, најважниот процес во моментов европски – процесот на проширување.