Во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани, полицијата од утринава врши претреси во другиот објект во сопственост на газдата на таканареченото кабаре „Пулс“ Дејан Јованов – Деко, дознава „360 степени“ од полициски извори.
Станува збор за кафулето „Класик“, кое беше демолирано за време на протестите во Кочани на 17 март, еден ден по пожарот во „Пулс“ во кој загинаа 59 лица.
Во врска со трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, осомничени се 27 физички, три правни лица и седум полициски службеници од Штип и Кочани.
На сите осомничени им е одредена мерка 30-дневен притвор, освен на тројца од нив кои во моментов се хоспитализирани.






