Претплатници се откажаа од „Вашингтон пост“ по одлуката да не поддржи ниеден кандидат за претседател

Најмалку 200.000 претплатници се откажаа од „Вашингтон пост“ откако весникот објави дека нема да поддржи ниту еден претседателски кандидат, објавија NPR и Forbes.



Разочарувањето кај корисниците кои имаат онлајн пристап, се должи на очекувањата дека „Вашингтон пост“ која е во сопственост на милијардерот Џеф Безос, ќе застане зад Камала Харис
Бројот на дигитални претплатници што го напуштаат „пост“ продолжи да расте и вчера попладне попладне.

Најмалку двајца новинари, исто така, се откажаа поради одлуката.

Милијардерот, основачот на Амазон и сопственик на „Вашингтон пост“, Џеф Безос изјави дека верува оти одлуката на весникот да не поддржи еден од претседателските кандидати на САД на претстојните избори е добра.

„Поддршката на кандидат не ја наклонува вагата на избори“вели Безос според кој одлуката на никаков начин не била разговарана ниту со кандидатите, ниту со нивните штабови.

Минатата недела, покрај „Вашингтон пост“ и “Лос Анџелес Тајмс“ објави дека одлучил да се откаже од долгогодишната практика на поддржување кандидати на изборите, што предизвика гневни реакции во јавноста и кај многу претставници на новинарската заедница.

Се верува дека доколку се изјеснеа, двата весника би ја поддржале Камала Харис.

Меѓу поистакнатите публикации што ја поддржаа Камала Харис се „Њујорк Тајмс“, “ Бостон Глоуб,“ „Њујоркер“, „Денвер пост“, „Лас Вегас Дрим,“ „Лос Анџелес Сентинел“, „Сиетл Тајмс“, „Стар Леџер“, „Тенеси Трибјун “, „Сајентифик Американ“ и „Сан Антонио Експрес“, објави ТВ Фокс Њуз.

Само „Њујорк пост“, „Вашингтон тајмс“ и „Лас Вегас Ривју-журнал“ досега го поддржаа Доналд Трамп.