Компанијата Лего им нуди на заинтересираните можност да победат на натпреварот и да преспијат во Лего куќата во Данска. Данската компанија соработува со „Airbnb“, која посредува во изнајмувањето на станови, и им овозможува на семејствата да преспијат во нивната нова атракција – зграда со површина од 12.000 квадратни метри исполнета со 25 милиони шарени пластични коцки.