Директор на една од врвните државни културни установи во Македонија вечерва околу 21:20 часот прегазил девојче во скопската населба Кисела Вода, пренесува „Прес 24“.
Според неофицијалните информации на порталот, несреќата се случила во близина на објектот „Шампионче“, а директорот, според сè уште непотврдените информации, бил под дејство на алкохол. Дрегерот на полициските службеници покажал исклучително висока концентрација.
Девојчето веднаш било префрлено во болница, а директорот е задржан во полициска станица.




