Прес 24: Вечерва во Чаир едно лице му пукало во нога на Е.А.(35) од Скопје, „најверојатно поради должничко-доверителни односи“

Е.А. (35) од Скопје е повредениот во вечерашново пукање во скопски Чаир. Според  Министерството за внатрешни работи, тој бил повреден околу 18 часот попладнево. Додека се движел по улица пеш му се приближило едно лице, кое му пукало во ногата. Потоа, повредениот бил донесен во Градската општа Болница Св.Наум Охридски од страна на брат му, по што лекарите му пружиле неопходна помош.“ – објави „Прес 24“.



„Прес 24“ пишува: Според првичните информации, во повредениот е пукано поради должничко-доверителни односи. „Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од  ГОБ ‘Св.Н. Охридски’ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од  Скопје со  прострелна рана во ногата. Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.’Христијан Тодоровски-Карпош’ во Скопје му се приближило едно лице, кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ – соопштија од МВР.