Пренџов: СДС и ДУИ ги продаваа националните интереси на сметка на волјата на македонскиот народ, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за истите преку силна дипломатија

Во емисијата ,,24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, изрази јасна поддршка за претседателот на Влада, Христијан Мицкоски и за неговата меѓународна активност, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон. Пренџов истакна дека иако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува дипломатските напори за унапредување на позициите на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ, не прифаќајќи уцени или диктати кои се спротивни на националните интереси. Со силна дипломатија ќе се унапредат позициите на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ, порача тој.



  • Нашиот став е многу добро познат, не прифаќаме уцени и диктати. Од друга страна, многу е важна меѓународната активност на Владата, која се одвива со многу големо и жестоко темпо. Изминативе 4 месеци – Вашингтон, Лондон, Прага, па сега и Будимпешта. Ова е многу добра иницијатива која ја иницираше претседателот на Франција, Емануел Макрон, каде што се одржуваат средби на сите влади на сите европски држави, без разлика дали се членки на ЕУ или не, без Русија – рече Пренџов.

Пренџов нагласи дека овие активности се клучни не само за лобирање на интересите на Македонија, туку и за создавање нови билатерални односи кои ќе придонесат за економскиот развој. Македонија, додаде тој,  треба да се стреми кон силна дипломатија која ќе овозможи континуиран развој во сите сфери.

Ова е одлична можност не само за политичките разговори и лобирањето за Република Македонија и кажувањето на вистината и на нашите ставови, туку и за да се разговара билатерално и да воспоставиме односи и со други држави со кои традиционално немаме билатерални односи, како и да се развие економијата. За нас, како мала држава, важно е да имаме една ваква силна дипломатија – истакна Пренџов.

Тој потенцираше дека претходната влада на СДСМ и ДУИ во изминативе 7 години прифаќале компромиси спротивни на волјата на македонскиот народ.

– На сите странски делегации, на сите челници на влади им кажувале дека нема никаков проблем да се прифати нешто за кое што три четвртини од македонскиот народ беше против. Таа влада без народен кредибилитет и легитимитет договорила нешто кое е спротивно на спротивно на волјата на граѓаните и ние  сега сме должни тоа да го исправиме. Ќе разговараме и ќе побараме помош од која било европска држава – посочи Пренџов.

Тој нагласи дека Македонија треба да продолжи со процесот на интеграција во ЕУ, но тоа да се случи без отстапки од националниот интерес.

– Нашата цел е Македонија во ЕУ. Ако целта на Бугарите е да влезат во македонскиот Устав, тогаш, на денот кога ние ќе влеземе во ЕУ, тие ќе бидат дел од нашиот Устав. Од таа позиција не се поместуваме – заклучи Пренџов.