Премиерот цели 2,5 месеци чекал извештај од директорот на Агенцијата за национална безбедност поставен од СДСМ (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски како шеф на владата цели 2,5 месеци чекал извештај од директорот на Агенцијата за национална безбедност поставен од СДСМ.



Мицкоски ова го открива во интервју за поткстот Претрес во кое вели дека воопшто не го отворил извештајот затоа што се плаши од тоа што може да го прочита внатре.

Мицкоски одговарајќи за плановите за дестабилизација вели дека не сака да го отвори извештајот од шефот на АНБ затоа што претпоставува дека е полн со прераскажани статуси на социјални мрежи, оговарање, кој кого озборувал и слушал разговори по кафеани.

Извештајот за безбедносната состојба во Македонија како него дошол на 10 Август цели 75 дена откако тој стана премиер.

Во врска со смената на директорот на АНБ Мицкоски дава објаснување за начините на кои постапува за да биде процесот корисен за сите.

Повеќе на оваа и многу други теми во видеото