Премиерот Заев во петокот се сретнал до Хосеин Карими, амбасадор на Иран во Македонија, кому му пренесол дека земјата сака да промовира повисок животен стандард и да обезбеди подобар живот за својата нација преку подобри врски со други земји како Иран, пренесува Иранската државна новинска агенција.
Заев на амбасадорот му пренесол дека неговата влада има интерес да воспостави политичка комуникација на повисоко ниво со Иран како и да одржува регуларни консултации за прашања од взаемен интерес, пишува агенцијата. Карими на средбата бил информиран дека главни приоритети за владата се решавање на проблемите со соседите со цел создавање услови за придружување кон ЕУ и НАТО.
Од своја страна иранскиот амбасадор изразил одготвеност неговата земја преку билатерални односи да помогне во регионалната стабилност, економски развој и промоција на животниот стандард.
Предходно Карими се сретна со спикерот на Парламентот Џафери и министерот Димитров за чии средби информираа македонските медиуми. Иако македонската влада во петокот информираше за средбата Заев – Карими, македонските медиуми не информираа за неа.
Во 2004 година американската влада ја стави македонската фирма Микросам од Прилеп на црната листа на компнании поради наводна продажба на висока технологија на Иран.
Меѓу САД и Иран и покрај топењето на мразот поради договорот за нуклеарлно оружје, со децении нема дипломатски односи и затоа ќе биде интересно да се следи како планира премиерот да има односи на повисоко ниво со земјата која што САД ја сметаат за најголем виновник за хаосот на Блискиот Исток.
Дипломатските односи меѓу Иран и САД се одвиваат преку користење на Техеран на Пакистанската амабсада во Вашингтон а за возврат САД ги користи услугите на амбасадата на Швајцарија во Иран.
Од 2011 САД воведоа виртуелна амабасада за сите Иранци и Американци кои што имаат потреба од решавање на проблеми со документација но таа е под постојани напади на ирански хакери.





