Премиерот Милош Вучевиќ во 11 часот ќе одржи прес-конференција во врска со случајот со синоќешниот напад врз студенти во Нови Сад, во кој една студентка беше тешко повредена, неофицијално дознава Блиц.
Извор на „Блиц“ од Владата на Србија тврди дека се уште не се знае што ќе каже Вучевиќ во јавното обраќање, но дека „поради објективна одговорност“ засега не е исклучено ништо, дури ни оставката на српскиот премиер.
„Вучевиќ беше шокиран од настанот во Нови Сад утринава. Поради објективна одговорност, а по синоќешните зборови на претседателот Александар Вучиќ, не ја исклучувам можноста тој да поднесе оставка“, вели изворот на „Блиц“ од Владата на Србија.
Студенти на Филозофскиот факултет во Нови Сад рано утринава соопштија дека вечерва во Нови Сад биле нападнати неколку студенти, а една девојка е тешко повредено и се наоѓа во Ургентниот центар, што подоцна го потврдија за „Блиц“.
Како што се наведува, студентите залепиле налепници со кои ги повикувале граѓаните да протестираат во Нови Сад во сабота, а неколкумина мажи кои излегле од просториите на СНС ги нападнале со безбол палки.






