Home Македонија Премиерот Мицкоски денеска во Кавадарци

Премиерот Мицкоски денеска во Кавадарци

 Премиерот ќе биде во посета на општина Кавадарци каде ќе присуствува на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Проектот, како што информира владината прес-служба, ќе чини 25.000.000 денари.



Премиерот ќе изврши увид и во градежните активности на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, а ќе присуствува и на презентацијата „Safe Sity“ во Кавадарци.

„Safe Sity“ е проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13.000.000 денари. Поставени се вкупно 220 камери.