Премиерот Заев на работна средба со Боки 13

Според соопштението  на Меѓународниот сојуз – Скопје вчера во владата дошло до работна средба меѓу премиерот Зоран Заев и претставници на Меѓународниот сојуз – Скопје, предводени од претседателот Бојан Јовановски познат под прекарот Боки 13, поранешен шоумен, телевизиски водител и учесник на реални шоуа а сега хуманитарец и невладин активист.



На средбата според сооштението била презентирана мисијата на Меѓународниот сојуз, неговите активности и програма за работа. Посебен акцент на работниот состанок бил посветен на тоа како Меѓународниот сојуз преку својот акционен план, а во соработка со Владата на Република Македонија, може да им помогне на загрозените категории луѓе, со посебен акцент на бездомните лица.

Прес службата на владата не издаде соопштение за средбата.