Премиерна објава на фотографија на татко на двајца големи македонски револуционери

Профилот Македонија на Македонците за прв пат објавува фотографија од ЃОШО ПОП ЈОРДАНОВ кој е всушност затворски портрет.



Фотографија е направена од Пол ЗЕПЏИ во затворот Бејаз-куле во Солун во 1903 година.

Фотографијата е единствениот познат портрет на велешкиот трговец Ѓошо Поп Јорданов и ова е негова прва јавна објава.

Ѓошо Поп Јорданов е таткото на двајцата истакнати македонски револуционери, велешаните Миле Поп Јорданов и гемиџијата Јордан Поп Јорданов – Орцето, затворен и осуден на робија по повод Солунските атентати од 1903 година.

Главен организатор на настаните во Солун и лидер на групата анархисти е неговиот помлад син Јордан.

Турскиот Воен суд формира специјална комисија за истрага на чело со Џемал Беј, кој врши темелни претреси и испитувања во Велес и Кукуш.

Во втората група обвинети се целата фамилија Поп Јорданови од Велес, на чело со Ѓошо. Уапсени и спроведени во Бејаз-куле се Ѓошо Поп Јорданов и неговиот брат Петар Поп Јорданов. Иван, Илија и Гиго Поп Јорданови, синови на Петар, Илија Малинкин, свештеникот Лазар Јорганџиев, Борис Кртов, како и Алексо Минов – Канико, кај кого се најдени неколку пакети со динамит. Заедно со помала група велешани, уапсените се спроведени и затворени во Белата Кула во Солун. Натоварен со „гревовите“ на својот син, Ѓошо Поп Јорданов е осуден како соучесник при транспортот на динамитот од Велес во Солун и е осуден на 3 години робија и пратен во Дијарбекир. Дел од осудените пратени се на заточение на островот Родос и Бодрум Кале, а другиот дел велешани се ослободени од обвинението.

Пол Зепџи во дворот на затворот Бејаз-куле ги фотографира осудените од процесот. Фотографијата е направена во периодот мај–јуни 1903 година и составен дел од досието на Ѓошо Поп Јорданов.

Во серијата портрети согласно местополжбата, фотографирани се Ѓошо Поп Јорданов од Велес, Георги Филипчев од Охрид, свештеникот Лазар Јорганџиев од Велес и Сандро Групчев од Охрид, а под фотографијата на османо-турски јазик е испишано обвинението.

Ѓошо и Султана Поп Јорданови имале шест деца. Двајцата машки, Миле и Јордан, кои загинуваат на 23 и на 22 години, како и четири ќерки Елена, Марија, Олга и Павлина. Павлина се мажи за братот на гемиџијата Павел Шатев

Слава Им на Големите Македонци, објавува групата Македонија на Македонците.

Една од најубавите македонски народни песни е за Миле Поп Јорданов