Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека досегашната премиерка Ана Брнабиќ ќе биде кандидат за претседател на Собранието на Србија, пренесува Нова.рс.
Одлуката е донесена по состанокот на Претседателството на Српската напредна партија (СНС).
„Значи, Ана Брнабиќ повеќе нема да биде претседателка на Владата на Србија, ниту ќе биде член на Владата“, изјави Вучиќ за новинарите.
Тој додаде дека „ја молел за нешто друго, но дека таа избрала да биде претседателка на српскиот парламент“.
Тој истакна дека се уште не одлучиле кој ќе биде мандатар за состав на новата Влада на Србија.
Тој наведе дека првиот човек на СНС, Милош Вучевиќ, предложил да се почека уште 7-10 дена пред да се изберат и да се објават имињата на мандатарите.






