Во попладневните и вечерните часови на повеќе места во земјава денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.



Претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, со максимална температура која ќе достигне до 38 степени.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со силен ветер и град.

Од недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Дневните ќе бидат во постепено опаѓање.