Јуниорите утре ќе се сретнат со домаќинот на Светското првенство, селекцијата на Алжир. Какви се силни екипи има ова е и добар развој на настаните за осминафиналето. Впрочем и вчера беше јасно дека нам потешкиот дел ни беше Бразил и дека сега се отвораат перспективи зошто Алжир нема познати имиња, нема кој знае каква историја, а има добра одбрана и бучни навивачи.
“Првичната цел е исполнета, но нема да застанеме тука. Покажавме дека имаме карактер и дека можеме да се вратиме и тогаш кога ќе имаме криза во играта, што значи дека сме силно мотивирани и другарски обединети за она што следи против домаќинот Алжир”, од северот на Африканскиот континент порача бекот Филип Кузмановски.
Се е можно утревечер од 21 и 45 во дуелот на ракометните надежи на Македонија и домаќинот на Мундијалот, Алжир во кој ние не сме аутсајдери, а по кој ќе излезе четврфиналистот кој оди на подобриот од мечот Франција-Фарски острови што е мотив плус за нашите, кои без сомневање, би сакале еден меч за докажување со талентите на Галските петли.




