Предвесник на победнички приказни, претседателката го поздрави новиот успех на македонскиот олимписки медалист

Медалот е предвесник на нови спортски победнички приказни. Со овие зборови претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова го поздрави успехот на македонскиот олимписки медалист кој настапи на глобален турнир во Турција.



,,Успехот на Дејан Георгиевски е предвесник на нови спортски победнички приказни!

Нашиот теквондист Дејан освои сребрен медал на еден од најпрестижните светски турнири „Турција Опен Г2“ преку три извонредни победи.

Со талентот, прецизноста, смиреноста, посветеноста, упорноста, храброста и решителноста, Дејан персонифицира совршен профил на теквондист.

Освоениот сребрен медал не е само признание за вложениот труд и талент, туку и сигурен знак дека пред Дејан се нови предизвици, меѓу кои и олимпискиот”, напиша претседстелката за Македонецот кој е освојувач на сребрен медал на Олимпијадата во Токио.