Пред 7 години пријавиле дека е умрен – за да му го земат имотот

80-годишниот А.И во СВР Тетово пријавил дека во 2017 година без негово присуство Тетовскиот основен суд донел пресуда дека е починат врз основ на лажно прикажување на факти и докази.



Во судот биле поднесени лажни докази дека тој бил починат, а целата таа процедура била водена од адвокат кој поднел лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка, дознава 24 Инфо.

По донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности – Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш..