Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, разговорите во Виена ќе ги почнат со заедничка вечера во пресрет на утрешната средба со медијаторот Метју Нимиц.
Информацијата ја објавија грчките медиуми, а дипломатски извори од македонското МНР потврдуваат дека Димитров и Коѕијас денеска ќе имаат работна вечера.
Коѕијас во Виена ќе пристигне од Албанија, откако од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека тој денеска ќе престојува во Тирана, каде што ќе се сретне со неговиот албански колега Дитмир Бушати.





