Преговорите за името во Брисел одложени за еден ден или грешка во комуникацијата?

Два медиуми кои што важат за блиски на владата денеска тврдат дека новата рунда преговори за името започнува во вторник на 12 декември.



Предходно владата во соопштение објави дека преговорите ќе започнат на 11 декември како што во ноември беше најавено од канцеларијата на специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.

Последната потврда дека преговорите започнуваат утре беше дадена по средбата на премиерот Заев со преговарачот Наумовски.

„На оваа средба е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис, кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција“, објави владата завчера.

И покрај тоа што досега немаше никаква промена на термините нејасно е зошто и Плусинфо.мк и Алсат – М кои што важат за одлично информирани медиуми денеска тврдат дека преговорите ќе започнат во вторник.