За само неколку часа главна вест во Македонија денеска стана информацијата дека македонско вино смедеревка се препродавала во Франција за 250 евра како врвно бургундско вино, објави „Дојче веле“
Текстот објавен на српскиот портал „Вино и Фино“ (https://vinoifino.rs) привлече огромно внимание…
Го пренесоа голем број телевизии и портали, и тоа без да сменат ни точка, ни запирка… најмалку 20 различни медиуми..
„И никој притоа не се ни обиде да провери кои се француските медиуми кои пишувале на оваа тема, и дали воопшто постојат. Дали постои винарија „Газда Ѓоко“ во Мрзенци, или дали постои нејзиниот „цитиран“ газда Ѓоко Трпески. Не постојат, како што не постои ниту францускиот енолог Теле Репомаше (теле репом маше)… во превод од српски „теле мафта со опашката“, пишува „Дојче веле“.
Дека се работи за првоаприлска шега, потврди и порталот кој ја објави лажната вест.






