Поранешен претседател и републикански кандидат на претстојните ноемвриски избори, Доналд Трамп, не сака да дебатира со веројатната демократска кандидатка Камала Харис додека таа не биде и официјално номинирана .
„Би било несоодветно да се прави нешто со Харис бидејќи демократите многу лесно би можеле да се предомислат“, рече тимот на Доналд Трамп во изјавата откако Харис, големиот фаворит да го замени Џо Бајден откако тој се повлече од кампањата, рече дека е подготвена за дебата.
Инаку, Трамп договорил две дебати со Џо Бајден пред претседателските избори во ноември, 27 јуни и 10 септември.
Но, катастрофалниот настап на претседателот во заминување за време на првиот телевизиски натпревар го принуди Џо Бајден да се откаже од својата кандидатура за втор мандат во неделата, по неколкунеделни повици да се откаже од трката поради загриженоста за неговото физичко и ментално здравје.
После тоа, неговата кандидатка Камала Харис „го презеде факелот“ и ја започна својата кампања со широка поддршка меѓу демократите.
Иако е силен фаворит, таа се’ уште не е официјално прогласена за кандидат на Демократите за ноемвриските избори.






