Првиот тим на Трамп има вкупно 58 деца, повеќе од 5 по функционер

Првите досега објавени 11 функционери во новата американска на Трамп имаат вкупно 58 деца или во просек повеќе од 5 по функционер.



Според налогот ,,End Wokeness” на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) кој е огромен поддржувач на Трамп овој податок е исклучително добар факт.

,,Администрацијата што доаѓа е полна со родители на многудетни семејства кои се многу вложени во иднината на човештвото”, пишува профилот кој дава податоци за бројот на децата на 10 најблиски соработници на Трамп кои заедно имаат 58 деца:

Доналд Трамп – ПОТУС: 5 деца
Џеј Венс потпретседател – VPOTUS: 3 деца
Роберт Кенеди – министер за здравство: 7 деца
Пит Хегсет – Одбрана: 7 деца
Марко Рубио државен секретар – 4 деца
Илон Маск – Одел за владина ефективност: 12 деца
Шон Дафи – транспорт: 9 деца
Џон Ретклиф – директор на ЦИА: 4 деца
Даг Бургум – Енергетика : 3 деца
Кристи Ноем – секретар на внатрешна безбедност: 3 деца
Тим Валц – советник за национална безбедност: 3 деца