Тетовска Шкендија доживеа пораз на мечот против Тракаи во Литванија со 2-1. Тимот на Ќатип Османи делуваше мошне нервозно на теренот па како резултат на тоа се случија двата црвени картони што ги заработија Цуцули и Жуниор.
Мечот започна лошо за Шкендија, која прими гол уште во првата минута. Мало недоразбирање помеѓу одбраната и голманот Захов, а Максимов не ја прости оваа грешка.
“Црвено-црните” брзо се вратија и израмнија со погодокот на Жуниор, на пет минути пред крајот на полувремето. Маките за Шкендија продолжија во вториот дел, откако Максимов погоди за ново водство на Тракаи, а во 57. минута, Жуниор доби втор жолт картон, а Цуцули му се придружи кон соблекувалната после четири минути. Тогаш тетовци беа принудени да се бранат. Успеаја и со минимален пораз ќе се вратат во Македонија, но ним следниот четврток во Струмица ќе има биде потреба само минимална победа од 1-0.
https://youtu.be/I1_j1iHOzBo





