На 18 февруари 2025 година претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остварила прва работна посета на Агенцијата за разузнавање, стои во соопштението од безбедносната служба.
,,За време на посетата, на претседателката Сиљановска-Давкова ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 година како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици”, пишува во објавата од Агенцијата за разузнавање.
Претседателката Сиљановска-Давкова, во разговор со раководството на Агенцијата, се запознала со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување.
За време на посетата на претседателката се разговарало и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава.






