Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, во неделата го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, бидејќи Хејли победи во Вашингтон, пренесува АП.
Таа на тој начин ја забележа првата победа во кампањата за претседателските избори годинава.
Хејли ги освои гласовите на сите 19 делегати во Вашингтон.
Таа рече дека ќе остане во трката за републиканска номинација барем преку прелиминарните избори во вторник во 16 американски држави.
Вашингтон е упориште на демократите, со само околу 23.000 регистрирани републиканци во градот.
Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати, наведува АП.
На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација.






