Пратенички прашања од опозицијата кон премиерот и министрите на денешната пленарна седница на Собранието на Македонија

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 32. пленарна седница,а на која на дневен ред се пратенички прашања. Седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот. Според воспоставената практика, пратениците од опозицијата се први за поставување прашања до премиерот и министрите на Владата на Република Македонија.

Во паузата се очекува да се одржи продолжението на 33. седница и да се гласа за измените на Законот за инспекциски надзор.

Претходно, претпладнето претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши ќе ја одржи редовната месечна средба со новинарите.