Пратеничката Илире Даути смета дека излегувањето на Арбен Таравари од владата е комерцијален чекор пред локалните избори а тој од првиот ден во политиката секогаш бил на државна или локална власт.
Даути важи за блиска на Зијадин Села и за набљудувачите нападот врз Села се толкува како став на лидерот на Алијансата на Албанците Села за Таравари кои имаат високо ниво на нетрпеливост меѓу себе и заедно тешко ќе може да функционираат во Европскиот блок на ДУИ.
Во својата остра изјава некогашната партиска другарка на Таравари која е дел од Алијанса на Албанците на Зијадин Села вели дека постојат прашања на кои треба да одговориме за да разбереме: Кој и што?
,,Излегувањето на Арбен Таравари од Владата со неговата група, без да ги земе сите ВЛЕН со себе, како што ги донесе: дали ја зајакна или ја оштети институционалната застапеност на Албанците во Владата?
Одговорот е едноставен: ја оштети.
Значи, еднаш влезе како губитник.
Сега, тој си замина сам, без да ги земе сите ВЛЕН со себе, како што ги зеде кога влезе”, пишува Даути.
Според неа за одговорот да биде ,,Таравари им помогна на Албанците“, дејствијата требаше да бидат следниве:
1. Да ја напушти Владата со целиот ВЛЕН, со моќ да покрене предвремени парламентарни избори;
2. Да продолжи да се бори во Владата за застапеност на Албанците.
А тој не го направи ниту едното ниту другото.
Даути го поставува и прашањето: Зошто Таравари дојде во Европскиот фронт и кому му служи?!…
Според нејзиниот заклучок
излегувањето од Владата на Арбен Таравари, како еден од главните креатори на ВЛЕН, без да го понесе целото свое дело со себе надвор, не е национален чин, туку комерцијален, сега, во пресрет на локалните избори.
,,Бидејќи од првиот ден во политиката, тој никогаш не бил без власт, особено без локална власт”, смета Даути.
,,Образложение:
Не можете да ги создадете сите предуслови за соработка со Мицкоски:
– прво, да ја поделите Алијансата за Албанците,
– да се кандидирате за претседател, што ќе му помогне на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да ги максимизира гласовите,
– да гласате за него во вториот круг,
– да се ракувате со Мицкоски во Скопјe за коаливиона влада без сè уште да ги знаете резултатите од изборите, велејќи им на Албанците: „Дури и да не нè избравте, Мицкоски нè избра“,
– да влезете во Владата како губитник гласајќи за програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија повторно горда” и да ја направите истата ваша сопствена програма,
– да ги спроведете клучните точки од таа програма,
– да го прекршите не само гласот на граѓаните, туку и вашиот потпис дека нема да станете дел од Владата без уставни измени,
– да бидете главен бранител на дејствијата против Албанците, против какво било понижување,
– да се потсмевате на напорите на кој било Албанец, уште еден политичар кој ја сака нацијата и се залага за неа, без разлика дали е за јазикот или за кое било друго право.
По потпишувањето јавни тендери со десетици милиони евра во здравството, да излезете и да кажете: „Доста беше, излегов“.
Извинете, но враната не ни го испила умот за да паднеме на ова ниво, а ни помалку ни повеќе ни Албанците”, пишува Даути кој потенцира дека објавата не е лична туку е долг на генерациите, кој никој нема право да ни го прости. Дури ни таа самата.






