По вчерашната објава на Фејсбук на Костадин Костадинов, пратеник и лидер на бугарската партија Преродба, кој ја повика Владата во Софија да искаже претензии кон Македонија, што предизвика остри реакции во Скопје, неговиот сопартиец и исто така пратеник Ангел Георгиев со „дополна“.
„На сè што ќе се каже од Бугарија таму ќе има негативни реакции, едноставно поради тоа што локалната политичка елита, локалниот естаблишмент таму, директно е зависен од Белград. Тие таму, едноставно, се марионети, па сè што ќе дојде од Бугарија, дали тоа ќе биде чествување на некој историски настан или впишување на Бугарите во Уставот, што самите го прифатија, тие секогаш се против. Таму, едноставно, имаме апсолутен распад на државноста, ако можам така да се изразам, целосна зависност од Белград. Тоа не е нешто ново. Тоа, пак, што е суштината на нашето барање ние со години го зборуваме: реално, обединувањето е почнато, но не е довршено. Имавме прво бугарско обединување меѓу Кнежевство Бугарија и Источна Румелија. Сега е на ред, сосема наскоро, да имаме второ бугарско обединување меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тоа го бара правдата, историската вистина, правичноста бара Бугарија и Северна Македонија да бидат една држава. Зошто таму живее народ што зборува бугарски јазик. Таа географска област, т.н. држава Република Северна Македонија, реално, е населена со Бугари, така што апсолутно нормално е таа да е во рамките на бугарската држава“, изјави Георгиев за „eurokom.bg“.
Партијата Преродба во моментов е трета политичка сила во Бугарија со 38 пратеници од вкупно 240 во Парламентот, како и со тројца европратеници.






