Наспроти шпекулациите дека одбележувањето на празникот 23 октомври во понеделникот било последно, од Министерството за труд и социјална политика потврда дека Денот на македонската револуционерна борба ќе се слави и в година.
Еден од 11. државни празници што важат за сите граѓани фигурира и во Програмата на неработни денови за 2018 година, согласно Законот за празниците на Република Македонија, објавена на веб-страницата на Министерството, а паѓа во вторник.
За сите граѓани важат празниците:
– 1 јануари (понеделник), Нова година
– 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) е неработен ден
– 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
– 1 мај (вторник), Ден на трудот
– 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители
– 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
– 2 август (четврток), Ден на Републиката
– 8 септември (сабота), Ден на независноста
– 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
– 23 октомври (вторник), Ден на македонската револуционерна борба,
– 8 декември (сабота), „Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед:
– 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
– 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
– 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
– 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
– 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).




