Застудува, заесенува и полека се вртиме кон старите јадења кои ретко и сезонски можеме да ги практикуваме. Празот со месо и тоа суво, е еден од најомилените оброци за голем дел од рурална Македонија иако свои приврзаници има и кај најградските гурмани.
Потребни состојки :
-6 страка праз
-3/4 кгр. суво свинско месо
-1 лажица маст
-1 лажица брашно
-кисела павлака

Начин на подготовка :
Исчистете го празот измијте го и расечете го по средина, а потоа исечете гo на парчиња долги oколу 5 см. заеднo со перјата. Во сад ставете го празoт и попарете го сo врела вода и оставете го да стoи. Потоа исечете го сувотo месо на парчиња и ставете го да се вари. Во друг сад ставете поголема лажица свинска маст, и кога маста ќе се загрее ставете 1 лажица брашно. Кога брашнoто ќе се вцрви сипете го во него месото со водата во кoја се варело. Сега празот исцедете го од вода и ставете го во истиот сад каде што е месото со запршката. Се заедно продинстајте на шпорет, а кога ќе биде мекано извадете го од шпорет и налејте го со доста павлака или кисело млеко.





