Започна средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Косово Албин Курти.



Посетата на косовскиот премиер доаѓа неколку дена по инцидентот што се случи на скопскиот аеродром.

Владата најави дека прво ќе има тет-а-тет средба Курти-Мицкоски, а потоа се очекува средба на владините делегации.

Во 11:00 часот ќе се одржи билатерална средба на која покрај премиерите ќе учествуваат и претставниците на владите на двете земји.

Потоа ќе следи заедничка конференција на двајцата премиери Мицкоски и Курти во Владата.