Почна инспекцискиот надзор во болницата „Козле“ и на „Детската клиника“ во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.



Не го примаа бебето на Детската клиника: потресна исповед на таткото на 14 месечната почината ќерка

Министерот информираше дека инспекторите на ДЗСИ и на Комисијата која е формирана од негова страна веќе од 9 часот се во двете болници во Скопје.

Таравари утринава имал состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„…екипата веќе е на терен. Комисијата веќе е формирана и се наоѓа на работа, на терен за да ги испита сите факти и аргументи“, изјави министерот.

Министерот Таравари вчера потврди дека детето кое почина на Детската клиника претходно било одбиено да се хоспитализира и истакна „некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“ .