Вчера почина адвокат додека чекал да му почне судењето во Граѓанскиот суд во Скопје , објави адвокатот Јанаки Митровски на својот Фејсбук профил.



Во билтенот на МВР беше наведено дека адвокатот имал 75 години.

„На 16. мај (четврток) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице. Од страна полициски службеници е излезено на местото и е констатирано дека станува збор за Љ.С.(75) од Скопје. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Увид бил извршен“, соопштија од полицијата. (ФОКУС)