Почина професорот Миле Димитриевски

На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет.



Димитровски беша доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија и остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот.

Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и стручни трудови и книги, со што даде несебичен придонес во развојот на инженерската мисла.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, поставувајќи темели за професионалниот развој и етика во инженерската фела.

Погребот на проф. д-р Миле Димитровски ќе ќе биде в среда, на 30 април, во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

Веста за смртта на професорот Димитровски поттикна многу лица да се збогуваат со него на социјалните мрежи.

Како што пренесуваат дел од неговите некогашни студенти, тој важеше за професор кој се грижи младите да го научат она што им го предаваше.

– Почина Проф. Др. Миле Димитровски, катедра за Моторни Возила на Машински Факултет. Основач и претседател на Комората на овластени инженери на Македонија.

Без многу помпа, се грижеше да учиме за да научиме не само да положиме испит. Ќе ги паметиме дискусиите и досетливите коментари, нека ти е светол патот – пишува во една од објавите.