На 71 година, во Охрид, ненадено почина професор д-р Томе Батковски, истакнат општественик, експерт од областа на безбедноста и автор на повеќе научни трудови.



Батковски е роден 1952 година во Охрид. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, во 1975 година, го продолжи своето професионално усовршување преку магистерски и подоцна докторски труд на Факултетот за безбедност Скопје во 1993 година.

Со над 30-тина објавени трудови и професионални настапи од областа на тероризмот и контраразузнавањето, проф. д-р Томе Батковски даде сериозен придонес во поставувањето и одржувањето на националната безбедност на Македонија и пошироко на Балканот. Пренесувањето на неговото знаење како вонреден професор на Факултетот за безбедност обезбеди многу генерации млади кадри со практично и теоретско знаење од областа на организираниот криминал и терористичко дејствување.